Вон Дер Лејен: Многу е важно за нас да влезете во НАТО

Од:

Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен во изјава за МИА изрази уверување дека Македонија ќе ја добие поканата за НАТО денеска и оти планира да ја посети земјата наесен.

– Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели, и многу сум сигурна дека тоа ќе биде резултатот на Самитот и со нетрпение очекувам да ја посетам вашата прекрасна држава, во септември мислам, рече Вон Дер Лејен.

На прашање во врска со референдумот, Вон Дер Лејен одговори дека се надева оти тој добро ќе помине.

– Стискам палци дека референдумот добро да помине, многу е важно за нас, нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО, изјави за МИА германската министерка за одбрана.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски