Волонтери на Црвен Крст помагаат во пронаоѓање на соодветната клиника

Од:

Во времетраење од 3 до 4 часа, во утринскиот период волонтерите од Црвениот Крст и натаму им служат на граѓаните при пронаоѓање на соодветната потребна локација во комплексот клиники „Мајка Тереза”, како дел од проектот „Водач во болница“. Овој проект започна со функционирање во октомври 2019 година, а имаше пауза со прекинот/стагнацијата во работата на Мој Термин, по што од 15 септември повторно започнува со работа на шест локации.

Поставени се локатори на шест места и тоа на УК за Радиологија, УК за Гинекологија и акушерство, УК за хируршки болести/Ургентно, УК за Кардиологија, УК за детски болести – Скопје и УК за интерни болести, кадешто вкупно 9 лица се достапни за информирање на граѓаните.

– Во изминатиот период овој проект се покажа како успешен со оглед на тоа што во целокупното функционирање, волонтерите им помогнале со упатување на вкупно 20 000 граѓани. Во текот на обуките кои беа спроведени, волонтерите добија знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациентите, како и водење на лицата кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн), соопшти Министерството за здравство.

Во рамки на проектот се изработени и брошури за прва психолошка помош на македонски, албански и ромски јазик.

Со сите овие активности, истакнуваат од Министерството за здравство, презентираме начин за поддршка и подобрување на моделот на здравствена заштита во државава со кој се олеснува пристапот до болничките услуги.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска