Комесарот за малцинства при мисијата на ОБСЕ во Македонија, Кнут Волебек денеска оствари проштални средби со претседателите на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи во партиските седишта во Тетово.
По средбата во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица немаше изјави од двајцата соговорници, додека по средбата во седиштето на ДПА во Тетово единство изјава за медиумите даде лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
– Ова беше проштална средба со комесарот за етнички малцинстав на ОБСЕ, Кнут Волебек на која разговаравме за актуелната политичка состојба во земјата, како и за последните локални избори. Заеднички заклучивме дека ќе продолжи нашата соработка со оваа меѓународна институција, изјави Тачи.
Посетата во Тетово, Волебек ја заврши со предавање пред студентите и професорите на Универзитетот на југоисточна Европа на тема „Интегрирање на различни општества: одговорност на државата?“.
– Македонија има два избора, да се интегрираат сите граѓани подеднакво во општеството, односно да го избере патот на интеграциите и стабилноста или да го избере другиот пат на дестабилизација и поделби што се разбира дека ќе влијае за иднината на интеграциите во меѓународните структури на државата, рече Волебек во своето предавање.