А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Волци нападнаа стадо овци во штипската приградска населба „Железничка“

by А1он11/07/2017 - 15:20613
Share0

Глутница волци скоро му го преполовиле стадото овци на сточарот Кирил Буровски, жител на приградската штипска населба Железничка. Синоќа волците влегле го трлото, лоцирано во самата населба, во непосредна близина на индустриската зона и удавиле 20 овци и пет јагниња, од вкупно 60 грла.

Добивај вести на вибер

– Штета голема. Преку 2.000 евра чинат 20 овци. Тука за прв пат се случува ова. Населено место, со кучиња, сега е опасно, може и човек, ако е сам да настрада, вели Буровски.

Случајот го пријавил во полиција, а информирани се и од ловното друштво „Ловец“-Штип.

Љупчо Спиоров од Ловното друштво „Ловец“-Штип вели дека засега ловците не можат да интервенираат, бидејќи во моментот на сила е ловостојот и им е потребно посебно одобрение од надлежното министерство за да организираат хајка против овој штетен дивеч.

– Додека не добиеме таква информација и налог, ние не можеме да реагираме во овој случај, рече Спиров.

Во последните неколку години волците се повеќе се приближуваат до населените места, меѓутоа, ова е прв пат да нападнат во урбана средина.

stipvolci

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен