Војниците на АРМ со излитени униформи и искинати чизми

Од:

„Македонските војници сеуште се со оштетени и износени униформи и со искинати чизми. Најавите дека ова ќе се поправи до прославата на „Денот на АРМ“ не се остварија, а нови униформи добија само учесниците на парадата и тоа делумно. Другите сеуште се со оштетени униформи, нема замена со нови. Посебен проблем се обувките, речиси на сите се искинати, па војниците се принудени сами да си купуваат“. Ова на прес конференција пред Министерството за одбрана го кажа Веле Крбалески, претседател на „Независниот синдикат на професионалните војници“.

Според него, војниците се принудени да купуваат сами чизми кои чинат 130 евра во продавница, а се случувало да се купуваат и половни, односно носени во некоја од мисиите.

Независниот синдикат предупреди на многу лоши состојби во одбраната и укажа и на примените поплаки на многу корисници на армиски возила дека се неисправни но никој не реагирал. Според Крбалески животите на овие луѓе се во опасност, посебно кога ги користат возилата надвор од цивилниот сообраќај.

Професионалните војници барале неколку пати средба со Министерот за одбрана, фатмир Бесими, но тој не реагирал на нивните повици. Тие се револтирани и што не им се исплатени дежурставата и стражите уште од февруари. Наместо пари, со новите измени сега за дежурства ќе добивале само слободни денови. Во април последно им биле платено и надоместоци за пат и храна, така што војската сама се финансира, вели Крбалески.

Професионалните војници повторно потсетија дека мора да се реши проблемот со околу 150 пропадници кои беа отпуштени на 38 години од Армијата, да се најде начин и за нив да важи новото решение за да се служи во АРМ до 45 години, иако велат и тоа не го решава проблемот со оглед дека и после таа старосна граница тие пак ќе се најдат на улица.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори