Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти

Од:

Со неколку истрели во воздух на границата со Грција војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат во наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.

Од АРМ за МИА информираат дека при редовното извршување на задачите, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија- село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.

-Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух, по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка, изјавија од АРМ за МИА.

Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО