Војната, насилството и прогонот го зголемија раселувањето како никогаш порано

Од:

„Војната, насилството и прогонот ширум светот предизвикуваат повеќе луѓе од кога било да бидат присилно раселени, се вели во извештајот на УНХЦР, Агенцијата на Обединетите Нации за бегалци, објавен денеска.

Новиот извештај на УНХЦР Глобални трендови, најголемото годишно истражување на организацијата за состојбата со раселеноста, вели дека на крајот на 2016 имало 65,6 милиони присилно раселени лица низ светот – околу 300.000 повеќе од претходната година. Овој збир претставува огромна бројка луѓе ширум светот кои имаат потреба од заштита.

Бројката од 65,6 милиони луѓе содржи три важни дела. Првиот е бројот на бегалците, кој изнесува 22,5 милиони и е највисок од кога било порано. Од овие, 17,2 милиони се под одговорност на УНХЦР, а останатите се палестински бегалци регистрирани во нашата сестринска организација УНРВА (UNRWA). Иако сирискиот конфликт и понатаму создава најголем број бегалци во светот (5,5 милиони), најголем нов фактор во 2016 година беше Јужен Судан каде катастрофалниот неуспех на мировните напори во јули истата година придонесе за бегањето на 739.900 лица до крајот на годината (1,87 милиони до денеска).

Втор дел се раселените луѓе внатре во своите држави, чиј број достигна до 40,3 милиони до крајот на 2016 споредено со 40,8 милиони претходната година. Сирија, Ирак, и сѐ уште многу значајното раселување во Колумбија, беа најголемите ситуации на внатрешно раселување, но сепак проблемот на внатрешното раселување е присутен ширум светот и претставува речиси две третини од вкупната светска бројка на присилни раселувања.

Третиот дел се барателите на азил, луѓе кои ги напуштиле своите земји и бараат меѓународна заштита како бегалци. Заклучно со крајот на 2016 година бројот на луѓе кои бараат азил на глобално ниво беше 2,8 милиони. Ова води кон плаќање на огромна човечка цена на глобално ниво како резултат на војната и прогонот: 65,6 милиони луѓе значи дека во просек еден на секои 113 луѓе во светот денеска е раселен – население кое е поголемо од она на Обединетото Кралство, дваесет и првата најнаселена земја во светот. „Според која било мерка ова е неприфатлива бројка, и зборува погласно од кога било за потребата од солидарност и заедничка цел во превенирањето и разрешувањето на кризите, како и заедничкото осигурување дека бегалците, внатрешно раселените лица и барателите на азил од целиот свет ќе бидат соодветно заштитени и згрижени додека се бараат решенија“ рече Високиот комесар на Обединетите Нации за бегалци Филипо Гранди. „Мора да се потрудиме повеќе за овие луѓе. Она што е потребно за светот во конфликт е
одлучност и храброст, а не страв.“

Еден од најважните наоди во извештајот посочува дека посебно бројот нанови раселувања останува многу висок. Од 65,6 милиони луѓе во светот, коисе присилно раселени, 10,3 милиони станале раселени лица во 2016 година, од кои околу две третини (6,9 милиони) бегаат во сопствените земји. Ова значи дека секои три секунди едно лице станува раселено – што е помалку од времето потребно да се прочита оваа реченица.

Во исто време, враќањето на бегалците и внатрешно раселените лица во нивните домови, комбинирано со други решенија, како што е преселувањето во трети земји, значеше дека за некои од нив 2016 донесе визија за подобрување. 37 земји заедно примија и населија 189.300 бегалци. Околу половина милион други бегалци успеаја да се вратат во своите земји, а околу 6,5 милиони внатрешно раселени лица во своите родни места – иако многу од нив се вратија во недоволно добри услови и се соочија со несигурна иднина.

Во светот, најмногу од бегалците – 84 проценти – беа згрижени во земји со низок или среден приход заклучно со крајот на 2016, од кои еден на секои тројца (4,9 милиони лица) беше прифатен од најниско развиените земји. Овој огромен дисбаланс укажува на неколку работи, вклучувајќи го постојаниот недостиг на консензус во светот кога се работи за прифаќање на бегалци и близината на многу сиромашни земји до регионите со конфликти. Исто така тој ја отсликува потребата земјите и заедниците што ги поддржуваат бегалците и други раселени лица да добијат значителни ресурси и поддршка – бидејќи недостатокот од нив може да создаде нестабилност, да има последици по хуманитарната работа што спасува животи или да води кон секундарно раселување.

Според население, сѐ уште најголемиот број раселени лица доаѓа од Сирија, со 12 милиони луѓе (речиси две третини од популацијата) кои се или внатрешно раселени или избегале во странство како бегалци или баратели на азил. Не земајќи ја предвид долготрајната палестинска бегалска ситуација, Колумбијците (7,7 милиони) и Авганистанците (4,7 милиони) останаа на второ и трето место по бројност, а по нив доаѓаат Ирачаните (4,2 милиони) и државјаните од Јужен Судан (најбрзо растечкото раселено население на светот со 3,3 милиони луѓе кои ги напуштиле своите домови до крајот на
годината).

Децата, кои сочинуваат половина од светските бегалци, продолжуваат да носат несразмерен товар од патењето, главно заради нивната поголема ранливост. Трагично, 75,000 барања за азил се примени од деца коишто патуваат сами или разделени од нивните родители. Извештајот кажува дури и дека овој број веројатно не ја прикажува целосната цифра.

УНХЦР проценува дека најмалку 10 милиони луѓе биле без државјанство или со ризик од бездржавјанство на крајот од 2016 г. Сепак, податоците што ги забележуваат владите споделени со УНХЦР беа ограничени на 3,2 милиони лица без државјанство во 75 држави.

Глобални трендови е статистичка оценка на присилното раселување и заради тоа доста клучни настани во светот на бегалците во 2016 не се опфатени во него. Тие вклучуваат зголемено политизирање на прашањата во врска со азилот во многу држави и сѐ поголеми рестрикции на пристапот до заштитни мерки во некои региони, но исто така и позитивни настани како историските самити за бегалци и мигранти во септември 2016, познатата Декларација од Њујорк која следеше, новиот пристап со кој целото општество е вклучено во управувањето со раселувањето според сеопфатната рамка за одговор при бегалски бран, како и огромната великодушност на земјите домаќини и владите донатори кон бегалците и другите раселени популации.

УНХЦР го издава извештајот Глобални трендови годишно врз основа на сопствените податоци, податоците што ги добива од својот партнер Центар за следење на внатрешното раселување и податоците што ги добива од владите“ се вели во соопштението на УНХЦР.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он