Воената академија објави конкурс за пилоти

Од:

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска објави конкурс за пилоти на кој може да се пријават лица не постари од 28 години и кои имаат завршено високо образование. Заинтересираните може да испратат апликација со потребните документи од денеска до 9 март.

Од Министерството за одбрана наведуваат дека при приемот предвид ќе се зема успехот на кандидатите од завршеното високо образование и проверките за физичка подготвеност. Натамошната селекција се состои од проверка на познавање на англискиот јазик, здравствени проверки и селекција на земја и во воздух која се врши во Центарот за обука на пилоти, кој претставува еден од најусовршените центри за обука на пилоти во Југоисточна Европа.

Конкурсот може да се најде во дневните весници во Република Македонија, како и на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk и Воената академија, www.ma.edu.mk.

Овој конкурс, велат од МО, отвора уникатна можност за секој млад граѓанин на Македонија да ги тестира своите можности, капацитети и знаење и да биде воен пилот во Армијата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он