Водовод и канализација со препораки за заштита од коронавирусот

Од:

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, како и во согласност со препораките и одлуките издадени од Министерството за здравство, Владата и СЗО повикува:

Да ги почитувате и да се придржувате до препораките издадени од релевантните институции Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата на РСМ, https://vlada.mk/ и Светската Здравствена Организација, https://www.who.int/.

Со цел свесна и превентивна самоизолација и избегнување на физичко присуство во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ве повикуваме за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратите на:
-02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
-02 3240 300, Дирекција
– https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/; [email protected] (пратете порака со вашето барање, истото ќе биде пренесено до соодветниот сектор од каде ќе бидете контактирани за одговор);
-https://vodovod-skopje.com.mk/ – официјална веб страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, каде имате можност да се информирате за сите услуги на претпријатието достапни по електронски пат, да се регистрирате како електронски корисник, а доколку не сте регистриран корисник да ја искористите можноста Брзо плаќање.

Само заедно можеме да постигнеме многу повеќе.

Зголемете го нивото на хигиена, избегнувајте физички контакти, редовно мијте ги рацете, пијте повеќе вода и одржувајте го вашиот имунитет, доколку забележите одредени симптоми јавете се на 078 387 194 – Институт за Јавно Здравје, Скопје. Бидете свесни за вас и сите нас.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска