Водата во Тетово, Голема Речица, Порој, Лешок и Непроштено исправна за пиење

Од:

Најновите резултати од испитувањата покажаа дека водата за пиење во населените места Голема Речица и Порој во тетовско кои беа зафатени со поплави, одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање.

Од Министерството за здравство соопштија дека во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна, додека во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење.

Според препораките од Центарот за јавно здравје–Тетово, во сите населени места во овој регион потребно е да се изврши механичко чистење и дезинфекција на сите резервоари и каптажи, како и да се воведе континуирана автоматска дезинфекција или рачна дезинфекција од овластени стручни лица. Воедно, препорачано е да се оградат и соодветно означат заштитните зони околу резервоарите за вода и каптажите.

Во населените места во овој регион континуирано се дистрибуираат едукативни флаери со препораки за заштита на здравјето на населението. Се препорачува користење пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите, водата да се преврива така што садот со вода се става на шпорет да зоврие (10 минути), потоа се отстранува и се остава да се олади, а притоа во неа не треба да се става мраз.

Се препорачува миење на рацете со сапун после чистење, пред подготовка на храната, пред јадење, после доаѓање во допир со детски измет и после одење во тоалет, не треба да се користи храна која била во допир со вода од поплавите, не треба да се јаде храна која била во фрижидер или замрзнувач, ако струјата е исклучена, сварена храна и намирници кои можат да се расипат, задолжително да се чуваат во фрижидер (пожелно е да се чуваат на температури под 5 степени Целзиусови), секоја храна мора да биде добро термички обработена (приготвена на температура повисока од 70 степени Целзиусови), а зготвена храна да не се остава подолго од 2 часа на собна температура.

Во случај на појава на послаби симптоми на гадење, повраќање, дијареа, односно симптоми слични на грип, висока температура, главоболки, кашлица или вртоглавица, како и при каснување од некое животно, и сл., лицата треба веднаш да се обратат кај матичен лекар или во дежурна служба, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Вработена во казино лажела дека била ограбена

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско