Водата во Прилеп исправна, во Крушеани загадени јавните чешми

Од:

Водата од локалниот водовод во Кривогаштани е исправна, но во селото Крушеани двете јавни чешми се загадени со фекалии и не смее да се пие, покажаа анализите на Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Како што информира денеска епидемиологот Горан Кузески, водата од регионалниот водовод „Студенчиња“ во Прилеп и дел од населени места е бактериолошки и хемиски исправна.

– Засега епидемиолошката слика во регионот е мирна и нема пријави за заразни заболувања, нагласи Кузески.

За анализа беа земени 30 мостри вода за пиење од локални бунари и водоводи во населените места.

На сила е, како што рече Кузески, предупредувањето водата да се преврива или да се користи флаширана.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај