Водата од Тиквешко Езеро исправна за капење и наводнување

Од:

Водата од Тиквешко Езеро е исправна за капење, спорт и рекреација, наводнување и поење стока, покажаа анализите на Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

– Според програмата за превентивна здравствена заштита, во март, мај и јуни земавме по две мостри од водата. Констатирано е дека нема отстапувања во квалитетот, но е заматена, со присуството на органски материи кои не се штетни по здравјето. Бактериолошки е исправна и од тој аспект спаѓа во прва и втора класа, изјави д-р Трајче Ризов, раководител во Центарот за јавно здравје.

Во одбнос на малите хемиски отстапувања, како што напомена Ризов, водата спаѓа во 3 и 4 класа.

Испитувањето ќе продолжи со земање по две мостри во јули, август и септември.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он