Во Зрновци и Чешиново-Облешево ќе се гласа и во втор круг

Од:

Во општина Зрновци кандидат за градоначалник ќе се бира во втор круг од локалните избори. Разликата меѓу двата кандидата за градоначалник е 331 глас, информираше Светлана Димитрова, претстедател на ОИК во оваа општина.

Кандидатот за градоначалник Ванчо Митев од редовите на СДСМ и коалицијата освои 460 гласа, а Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби 791 глас. Во Зрновци глсаа 1.631 граѓанин со право на глас.

Листата на советници од СДСМ и колаиционите партии доби 37,1 проценти од гласачите и освои 4 советнички места, додека ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата освои 42,9 проценти од гласовите и освои исто така четири советнички места. Едно советничко место во идниот совет на општина Зрновци освои листата на група избирачи.

И во општина Чешиново Облешево, според изјавата на Весна Ѓорева Малинов, престедател на ОИК, ќе се оди на втор круг од локалните избори. Таму кандидатот на СДСМ и коалицијата Горанчо Крстев освои 1.938 гласови, додека Горанчо Зашов од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата доби 1.977 гласови. Во оваа општина гласаа 4.164 избирачи, а излезеноста беше 73 проценти.

Кај Листата на советници подеднакво добија по пет советнички места и двете партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, додека едно советничко место освои партијата Народно движење за Македонија.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори