ВИДЕО: Студентите до пратениците, ајде да ги замениме оброците

Од:

Пред Собранието почна протестот на студентите.

„Кризите во кои се наоѓа Македонија, молкот од страна на студентите и пасивноста на студентските организации – се мотивација на властите да удираат по грбот на студентите сѐ посилно. ДОСТА Е!

Барањата на студентите произлегуваат од деценискиот игнорантски однос на институциите и намерата за ништење на студентот во Македонија.

Ние, студентите, бараме надлежните да не нѐ игнорираат и со нивните политики да не си поигруваат со нашата судбина“, велат од Студентски отпор.

Од Студентски отпор известуваат дека во период во којшто треба да се донесе буџетот за 2023 година, нивните првични барања од кои не отстапуваат се:

– Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно, како и тргање на сите предложени нови критериуми за исполнување на правото на субвенциониранот студентски оброк;

– Издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите;

– Издвојување средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови;

– Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја;

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот