(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ поднела кривични пријави за масовно полнење на избирачки кутии

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, не одговори дали се веќе консултирани пратеници да гласаат за уставните измени. На новинарско прашање во врска со најавите за можноста за избори во ноември, тој праша: „За какви предвремени избори прашувате?“.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава за повреда на гласачкиот процес. „Народот на РМ покажа патриотизам и демократска свест. До Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе поднесеме кривична пријава за полнење избирачки кутии, за групно гласање во Струга, Сарај и на други места“, рече тој.

Стоилковски рече дека бараат и графолошко вештачење на изборниот материјал. Тој истакна дека сторителите и нарачателите ќе одговараат за фалсификуваните резултати.

„Власта посегна по криминалот за изборни цели“, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски