(ВИДЕО) Милошоски: Џафери веднаш да пристапи кон гласање за уставни измени, да видиме дали имаат двотретинско мнозинство

Од:

„Во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, да кажам, поминаа 19 дена од неуспешниот референдум на кој народот се изјасни дека нема одлука која дава мандат за уставни измени.

Власта одолговлекува со гласањето, затоа што се свесни дека за пратениците е поважна волјата на народот од притисоците. Бараме Џафери да ја стави точката на изјаснување на гласање и да видат дека нема двотретинско мнозинство за да се покрене иницијатива за уставни измени. Ние ќе гласаме согласно волјата на народот.

Владејачкото мнозинство само ќе види дека волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници“, рече на прес-конференцијата пратеникот Антонијо Милошоски.

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Posted by A1on.mk on Петок, 19 октомври 2018

На прашање дека седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се веќе обезбедени и ќе гласаат за измените, Милошоски кажа дека треба да ја стават точката на гласање и да се уверат дали имаат или не мнозинство.

На прес конференцијата не беа присутни сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче