(ВИДЕО) Николоски: Груевски е во Скопје

Од:

Експремиерот Никола Груевски мислам дека е во Скопје, но за причините зошто не беше во судот на изрекување на пресудата, образложија од адвокатскиот тим, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска ја искритикува судската одлука со која Груевски беше осуден на казна затвор од 2 години.

„Оваа пресуда не е пресуда поради тоа што некој се стекнал со противправна имотна корист, или поради тоа што била нанесена некаква штета на државата, затоа што штета нема, ‘мерцедесот’ и сега се вози, Груевски не си го зема дома. Оваа пресуда има повеќе цели, Никола Груевски, кој беше симбол за зачувување на националните интереси, економски успеси и привлекување инвеститори, да се засени и да биде политички дисквалификуван“, рече Николоски.

Според Николоски, судот не го интересирале ниту докази ниту факти, туку само реализација на политичките нарачки на Заев и СДСМ, за пресметка со сите што мислат поинаку.

Експремиерот Груевски денеска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата за предметот „Тенк“, во кој покрај него, обвинет е и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, и ексминистерката Гордана Јанкуловска. На Поповски му беше изречена казна затвор од 6 години и 6 месеци.

Груевски утрото беше во кривичниот суд, каде ги слушаше бомбите за предметот „Тракеторија“, но потоа не дојде на судењето во 13 часот, на кое беше осуден на 2 години.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски