ВИДЕО: Пратениците од првиот состав застанаа зад реформистите во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Иницијаторите за реформи добија поддршка да истраат во борбата за демократизација на партијата од пратениците на првиот парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ да се реформира во демократска партија, а не како што е сега султан-партија. Да се врати на старите победнички патеки. Како пратеници ги поддржуваме реформистите и мора внатрепартиската демократија да биде застапена, а се во интерес на државата и на партијата, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од првиот состав Михајло Пановски.

Денеска е ден на демократијата и сите сакаме демократијата да владее. Бараме нашето ВМРО- ДПМНЕ да биде демократска партија. Очекуваме од овие млади луѓе, без желба да им наштетат на партиските интереси да истраат во борбата. ВМРО-ДПМНЕ да стане повторно водечка сила, рече пратеничката од првиот парламентарен состав Ѓулистана Марковска.

Иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски се заблагодари до пратениците од првиот парламентарен состав.

Ова е парламентарниот состав кој ја донесе македонската пролет, кои го изгласаа Уставот, Армија на Република Македонија, паричната единица на Република Македонија и ги постави темелите на Република Македонија. Вие бевте гордост и причина зошто се зачленивме во ВМРО-ДПМНЕ. Сите членови во првиот состав беа чесни луѓе и ги вложија своите капацитети за изградба на државата.

Мене ми е чест што ни давате поддршка, ова е иницијатива која сака да ја врати демократијата во ВМРО-ДПМНЕ, да ги врати нашите партнери во Европа и во САД. ВМРО-ДПМНЕ е втемелено во државноста на Република Македонија, рече Михајлоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина