(ВИДЕО) Заев: Помирувањето тргна од Собранието, да дозволиме да продолжи во другите институции

Од:

Граѓаните на Република Македонија влегуваат во период кога се обединети за стратешката иднина. Помирувањето тргна од Собранието, да дозволиме да продолжи во другите институции, рече премиерот Зоран Заев по средбата со заменик-помшник државниот секретар на САД, Метју Палмер.

– Средбата со Палмер дојде во важен момент, само неколку дена по исчекорот кон иднината. Одлуката на 80 пратеници има историско значење. Оваа одлука ја потврди евроатлантската определба на Македонија. Храбрите пратеници го спречија ризикот од нова изолација, која ќе беше страшна овој пат, рече Заев.

Тој додаде дека вредностите на ЕУ и НАТО се и наши вредности и оти сите сојузници ја поздравиле државничката одговорност на пратениците.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски