ВИДЕО: Васе Доневски преку нелегални договори со „Секјуриком“ противправно заработил 660 милиони денари

Од:

Финансиската полиција три месеци вршеше истрага на СОЗР, по што поднесе кривична пријава за две лица, Васе Доневски, поранешен директор на Службата и лицето Б.Г., извршен директор на „Секјуриком“. Во претресот кој го изврши Финансиската полиција на неколку локации најдени се документи што не биле доставени до финансиската полиција а требало да бидат и одземени се неколку електронски уреди, неколку усб-портови и еден автомобил каде што е пронајдена финансиска документација, изјави директоро на финансиска.

Поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски во 2015-та година свесно и со однапред утврдена намера ја искористил службената положба и со пречекорување на службените овластувања иницирал постапка за јавна набавка при што со цел да ја избегне обврската да побара согласност од Советот за јавни набавки, испратил известување за оглас за јавна набавка, заведено во СОЗР, до седум економски оператори.

Од седумте економски оператори, четири друштва се во сопственост на вторoобвинетиот Б.Г., две се друштва за производство и трговија и хигиенско-технички услуги кои биле блиски до Секјуриком и сопственикот и уште едно друштво за трговија и услуги кои никогаш до тој момент не се јавувало на друга постапка за јавна набавка. Од сите седум економски оператори добиени се позитивни одговори за заинтересираност, за учество на огласот за јавна набавка на СОЗР и на тој начин е избегната обврската за барање на согласност од советот за јавни набавки.

По објавениот оглас од СОЗР на 03.07.2015-та година, сите седум фирми се пријавиле, а поднесена е само една понуда и тоа од друштвото за обезбедување и услуги Секјуриком мултисервис интернационал ДОО Скопје. Пријавените склучиле договор за извршување на услуги спротивно на Член 15. од Законот за јавни набавки на начин што оформиле неделива постапка за јавна набавка која опфаќа пет дејности, одржување на хигиена, услуги за тековно одржување, дактилографски услуги, услуги за обезбедување и ПП заштита и услуги за оперирање со ТТ централи за органите на државната управа.

„Спротивно на Член 2. од Законот за јавни набавки со намера да се намали и елиминира конкуренцијата ја избегнале можноста да и за електронска аукција со која ќе се овозможи конкрурентно наддавање и намалување на цената на услугите, со што друштвото за обезбедување услуги „Секјуриком“ се стекнало противправно со имотна корист во износ од 660 милиони 834 илјади и 855 денари“, рече Сузана Петровска од Финансиската полиција.

Од страна на Финансиската полиција извршена е компаративна анализа на цената на услуга „чистење и одржување на хигиена на објекти по метар квадратен“, при што е направена споредба и од анализата може да се заклучи дека доколку се овозможело делливост и конкурентност цената на јавната набавка значително ќе се намалела.

Кривичната пријава заедно со целокупниот доказен материјал е предадена на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за нивно понатамошно постапување.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ВИДЕО: Обвинителство три години чува кривична поднесена од фирма која работела за Владата, а не може да си го наплати сработеното

Орце Костов

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Кривична пријава за тројца вработени во ЈСП, украле близу половина милион евра од дневниот промет

Ана Ололовска

СОЗР: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, одговорно набавуваме и не повеќе од потребното

Ана Ололовска

Финансиска полиција: Управата во своето работење постапува неселективно и непристрасно

Ана Ололовска