(ВИДЕО) Алиспагиќ: Шест години не се доволно за монструозен убиец како Илиќ, ќе поднесеме жалба на пресудата

Од:

Адвокатот на семејството Алиу, Асмир Алиспагиќ, по изрекување на казната за Бобан Илиќ кој го усмрти малиот Алмир, рече дека станува збор за монтиран случај. Според него, Илиќ е монструозен убиец кој не чувствува никаква морална одговорност, а тоа го докажал и со тоа што денеска не се појавил во судницата. Тој рече дека против пресудата ќе биде вложена жалба. Тој вели дека има сериозни пропусти во судската постапка.

„Судијката се дрзна да ги осуди таткото, чичкото и братучедот на Алмир Алиу. Ова е уште едне предмет во низата монтирани случаи од страна на јавното обвинителство-Куманово и денешното изрекување на пресудата. Жалам за ова што го констатирам, јас како правник ќе се борам да докажам дека е така“, рече адвокатот.

Тој рече дека верувал дека судот ќе изрече поголема казна, но од, како што рече, неразбирливи причини беше изречена 6-годишна затворска казна. „За кримучарење мигранти се изрекуваат казни од по 10 години, овде имаме загуба на 4-годишно дете, а казната е 6 години Овде имаме сериозен проблем во делење на правдата“, рече Алиспагиќ.

Според семејството на малиот Алиу, станува збор за неправда. Неговиот чичко најави дека ќе бидат поднесени кривична пријави против обвинителката и против судијката што го водела предметот.

– Очигледно е дека се работи за неправда, ние како семејство ќе поднесеме кр пријава против обвинителката Кусигерска и судијката Маја Денковска. Не сме задоволни од пресудата, рече Нијази Алиу, чичко на малиот Алмир.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Виновникот за смртта на малиот Алмир мора веднаш во затвор, нема одлагање на казната

Жарко Настоски

Протест за случајот Алмир пред кумановскиот Основен суд

Бобан Илиќ во притвор по барање на обвинителството

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест години затворска казна за Бобан Илиќ кој го усмрти Алмир

Виктор Јованов

Кумановскиот суд денеска ќе изрече пресуда за смртта на Алмир

Ана Ололовска

Обвинетите во случајот „Алмир“ не се чувствуваат виновни, пресудата ќе биде објавена на 5 април

Ана Ололовска