(ВИДЕО) АХВ: Ориз и соини шницли со ГМО пронајдени во Македонија

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство пронашла два производа увезени со Генетски модифицирани организми (ГМО). Едниот е кочански ориз, за кој се утврдува од каде потекнува семето, додека другиот производ се соини шницли на Виталија, увезени од Србија, објави на прес-конференција директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов.

„Производите се наоѓаат под официјалн надзор и се чека нивно уништување. Операторите се санкционирани со казна од 5 000 евра, додека одговорното лице во фирмите со казна од 1 700 евра“, изјави Атанасов.

За производите на „Виталиа“, додава тој, се чека супер анализа, бидејќи операторот по закон може да побара дополнителни испитувања.

„Првата анализа докажа дека има присуство на генетски модифицирани организми. Но, по закон, операторот има право да побара супер анализа. Ги чекаме резултатите од истата“, посочи тој.

Директорот додава дека граѓаните не можат да препознаат која храна е со ГМО, додека истото не биде декларирано на производот.

Според нашето законодавство, подвлече директорот, производството на ГМО храна е забрането.

„Во светот се консумира и се произведува таква храна. Науката треба да го каже последниот збор колку е тоа штетно. Од нашиот Закон за безбедност на храна беа избришани два члена кои порано дозволуваа производство на храна со ГМО, но тоа беше регулирано како да се стави во промет. Сега се избришани и ставени во мирување до влегување на Македонија во ЕУ“, појасни директорот на АХВ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла