(ВИДЕО) Левица: Протестираа, а сега ќе казнуваат за неколку марули

Од:

Протестираа кога ќе се казнеше некој, а сега носат закон со кој ќе се казнуваат најсиромашните, истите тие граѓани кои наводно ги подржуваа, изјави на прес-конференција, Здравко Савески од политичката партија Левица, говорејќи за Законот за трговија на зелените пазари.

„Крајно дискриминирачки и антисоцијално е да казнувате некој пензионер што продава неколку марули и коприви да скрпи крај со крај на месецот. Од друга страна законот е дискриминаторски затоа што нивните партиски пензионери членуваат по управни одбори, земаат кој знае колкави дневници, а оние што едвај егзистираат се казнуваат“, рече Савески.

Tој во името Левица побара одложување на Законот за една година, со цел истиот да се преуреди и да не е на штета на најранливите категории, социјаците, пензионерите и хонорарците. Савески апелираше до пратениците да ја поддржат нивната иницијатива.

„Се прашуваме и како може лекар да работи по пензионирање, а социјалец да не може да продаде неколку зелки и да оствари приход од 300 денари . Затоа ние ќе поднесеме претставка до Уставниот суд, со која ќе бараме да се испита уставноста на овој крајно антисоцијален и дискриминаторски закон“, порача Савески.

Од Левица велат дека со Уставот се гарантираат социјалните права на геаѓаните, па затоа тие како политича партија нема да се откажат, додека не се исправи непрадата.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија

Левица од Прилеп: Со почит кон борбата од минатото и визија за промени во сегашноста

А1он

Мециновиќ: Борбата на Левица е борба на Давид против Голијат

А1он

Мециновиќ: Градот мора да им служи на граѓаните не на партиите

Куцуловски: „Во Центар се бориме против истото чудовиште со три глави – Левица е единствената вистинска алтернатива“

Среброва: Центар не е касаба – време е да се врати духот на Скопје

Горан Наумовски