(ВИДЕО) Димовски: Стабилизацијата на Балканот зависи од евроатланските интеграции на Македонија

Од:

Германија и Франција во континуитет и даваат подрршка на Македонија во евроатлантската интеграција. Во 2018 година сведоци сме дека евроатланскиот регион е соочен со заеднички предизвици и можности. Европа има потреба од заедништво и стабилност на Балканот, рече државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски.

-Најдобриот начин да се задржи стабилноста во Македонија и регионот е забрзување на евроатлантските процеси, престојниот период ќе биде клучен за тоа. Очекуваме и веруваме дека иднината на Република Македонија е во НАТО и ЕУ и е навистина остварлива. Уверени сме дека тоа е од интерес не само за граѓаните на Македонија кои преку 70 отсто се цврсто определени за евроатланските интеграции, туку е од интерес и за целиот регион, вели Димовски.

Според државниот секретар на МНР, позитивните пораки од преставниците на ЕУ и НАТО кои ја посетија Македонија преставуваат поттик за реално остварување на европските и евроатлански инспирации. Уште поголем поттик, вели тој, е извештајот на Европската Комисија со кој се потврдуваат постигнувањата на новата реформска влада за изградба на правна држава и создавање услови за демократски развој.

-Могерини изјави дека за кратко време постигнавме многу, Европскиот комесар Јоханес Хан истана дека Македонија е пример за демократски промени и дополнително на ова Европската Комисија ни даде неусловена, чиста препорака Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ. Македонија е на добар пат, рече Димовски додавајќи дека Владата на РМ за нецела година од заробена држава, Македонија ја трансформира во земја со можности.

Димовски потсети дека деновиве се навршува 1 година од 27 април што според него е пресвртна точка на политичката криза па поради тоа од денешна перспектива Македонија е позрела и посилна и е на пат да стане суштински дел од Европа, а не само географски.

-Повеќе од 2 децени Македонија и НАТО се блиски партнери, градиме заеднички односи и интереси. Македонската Влада е цврсто определена да продолжи на овој пат, доказ за тоа е зголеменото учеството на Македонија за дополнителни 20 отсто во операциите на НАТО во Авганистан, вели Димовски.

Тој истакна дека минатиот месец Владата ја усвои националната стратегија за безбедност и анти-тероризам која е во согласност со препораките на НАТО, а и ги подобрува односите со соседните земји што е исто така препорака од евроатланските сојузници.

– Со Грција имаме почети контакти и со комуникација вложуваме напори да внесеме нова динамика во решавањето на проблемите околу името. Исто така договорот со Бугарија остави позитивен впечаток кај европските држави, рече Димовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија