(ВИДЕО) Џафери по средбата со Хојт Ји: Од утре ќе ја ставам во функција работата на Собранието

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, рече дека САД го поддржуваат неговиот избор како и натамошните процеси за фунционалност на сите институции.

– По прв пат по трагичните настани од 27 април во Собранието ја имам можноста во својство на претседател на Собранието да ви се обратам и да кажам дека имав можност да ја остварам првата официјална средба со високиот претставник од САД. Со него разменивме мислења за потребата за стабилноста и што побргу да ги заборавиме последиците од 27 април.

Неговото присуство уште еднаш ја потврди поддршката на САД за иборот на претседател на Собранието, како и за натамошните чекори за функционалноста на Собранието и другите институции, рече Талат Џафери.

– Од моја страна јас кажав дека ќе се потрудам да бидам претседател на сите пратеници на Собранието, без оглед како се изјасниле за изборот на претседателот на Собранието.

Од утре ќе се обидам да ја ставам во функција работата на Собранието, се надевам дека набргу и пратениците и новинарите кои беа повредени што побргу ќе се опорават и ќе се вратат на нивните работни места, кажа Џафери.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он