(ВИДЕО) Османи: Преговарачите сметаат дека се надминати сите препреки за коалиција со СДСМ

Од:

Портапоролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека ова се првични маратонски, внатрепартиски преговори во врска со документацијата која ја добиле од СДСМ и најави дека вечерва нема да има конечен договор.

Тој кажа дека ова се преговори затоа што потпретседателската тројка која разговараше со СДСМ смета дека се надминати сите пречки и дека може да почнат внатрепартиски договори со СДСМ за составување влада.

Според портпаролот Бујар Османи, дебатата на Централното претседателство ќе трае до доцна во ноќта, а ќе продолжи во наредните денови по што ќе биде донесена одлуката.

-Ќе се разгледува документацијата која е составена од работните групи. Лидерот Али Ахмети вчера вечер на средбата ги надмина разликите, и исполнети се условите претседателството да ги разгледа предлог законите и да може да одлучи.

Вечерва почнуваме со маратонската дебата зашто е голем материјалот, дебатата ќе продолжи и во наредните денови, кога ќе се исцрпи дебатата ќе биде донесена одлуката.

Доколку претседателстовото смета дека материјалот е недоволен има право да ја врати докумнтацијата на доработка. Тоа што работните групи сметале дека има доволен материјал, ќе треба да го потврди и претседателството на ДУИ, рече Османи.

Тој не откри детали, но рече дека секако се ќе биде транспарентно зошто решенија ќе мора да поминат низ Собранието.

Не може да се симплифицира процесот на давање потписи, поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми