(ВИДЕО) Ѓорчев кандидат за претседател: Ја знам секоја улица, село и град

Од:

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе од 15 минути зборуваше за мотивите зошто се кандидира.

„Има моменти кога човек треба да го искористи сето искуство, Македонија губи и назадува, состојбата не е добра. Од тие причини објавувам дека се кандидрам за претседтаел на Република Македонија. Поседувам искуство, мотивација, знаење, чесност, ги знам сите општини, градови и села. Наредниве три месеци ќе појдам во секој дом, кај граѓаните, кај оние кои ми го дале мандатот да ја побарам вашата доверба“, порача Ѓорчев.

Тој додаде не смее да се дозволи власта да ги узурпира сите институции и мора некој да им се спротивстави, а тоа како што рече е претседателот на државата.

„Благодарен сум за поддршката добиена изминативе денови од граѓаните. Им порачувам на сите кандидати на СДСМ на 21 април, ве чекам јас и 500 илјади граѓани незадоволни и разочарани да ја вратиме надежта во Македонија“, изјави Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на претседателски кандидати. Рокот за пријавување на огласот трае до крајот на месецов.

Кандидатот за претседател на опозицијата ќе биде избран на партиската конвенција во Струга.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски