(ВИДЕО) Амди Бајрам: ВМРО-ДПМНЕ се како магаре кое застанало и не сака да оди, па мора малку да се подбуцне

Од:

Пратеникот Амди Бајрам од Сојузот на Ромите ги повика граѓаните да излезат и да гласаат „за“ на претстојниот референдум на 30 септември.

„Ромите во Македонија и за време на првиот референдум за самостојност на државата гласаа во голем број. Во Македонија, Ромите ги имаат сите права, се во преамбулата и Уставот на Република Македонија. Тие се лојални на државата. Кога треба да се донесе некој закон ние сме тука. Лојални политичари сме, секогаш застануваме од страната на државата. Секогаш даваме се што можеме“, рече Бајрам.

Тој истакна дека претседателството на Сојузот на Ромите заседавало и одлучиле да го поддржат референдумот и да гласаат „за”.

„Тоа ‘за’ е за граѓаните, за македонските граѓани. Во тоа гледам ангажираност, едногласна одлука за работа. Сите Роми работиме заедно. Ова не се избори. Се работи за НАТО и стабилна држава, да влеземе во ЕУ. Да излеземе што порано и помасовно тој ден за референдумот да биде успешен. Има партии кои нема да го поддржат референдумот, но народот ќе го поддржи скришум, рече Бајрам.

Тој одби да ги коментира ВМРО-ДПМНЕ, но потенцираше дека очекува на крај да преовладее разумот кај нив. Јас не би ги коментирал ВМРО-ДПМНЕ ама мислам дека при крај ќе превладее разумот кај нив.

„Знаете, магарето застанало на улица и не сака да шета, па мора да малку да се подбуцне. Не е во ред да го бојкотира, нека дадат повик да се гласа ‘за’ или ‘против’“, рече Бајрам.

Тој кажа дека Сојузот на Ромите е веќе на терен и оти очекува 47 илјади гласа од Ромите „за“. Тој апелираше до политичките партии, невладините организации, сите да размислат за внуците и поколенијата, со тоа, да гласаат „за“ Република Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО