Поранешниот разузнавач и началник на Петтата управа Горан Грујевски вчера бил уапсен во хрватскиот град Загреб, но потоа бил ослободен, потврдуваат од МВР.
-Во текот на вчерашниот ден од страна на Интерпол – Хрватска добивме информација дека Г.Г. е приведен. Денеска, исто така од Интерпол Хрватска добивме известување дека го ослободиле Г.Г.
Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски во јули 2017 година побегнаа од Македонија во Грција откако беа обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.
Грујевски и Бошковски, беа уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.
Министерството за правда засега нема официјална потврда за информацијата за Грујевски.