Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Од:

Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје.

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата.

Евидентирањето, посочуваат од Амбасадата, може да се изврши на следните контакти – Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби, телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: [email protected].

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.

Би можело да ве интересира

Кинески план за мир на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Пилотите се плашат дека ќе бидат отпуштени ако одбијат да летаат над Блискиот Исток

Сирени се огласија во неколку земји од Блискиот Исток и покрај прекинот на огнот

Ројтерс: Војната со Иран ја зајакнува позицијата на Техеран на Блискиот Исток

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

ВИДЕО: Израел жестоко удира на Иран и Либан, Иранците одговраат со напади на заливските земји