Во Врање досега комплетно се вакцинирале речиси 12 илјади Македонци

Од:

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани од Врање, од другите градови во Србија и државјани на Северна Македонија и други држави, соопшти денеска Здравствениот центар.

Прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.

Втора доза, во Врање примиле 11.966 македонски државјани.

Најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм и тоа вкупно 62.711 пати за сите три дози (прва доза 28.965, втора 28.122 и трета 5.624). Потоа следи Фајзер, кој бил аплициран во вкупно 29.439 случаи (прва доза 15.139, втора 12.755 и трета 1.545), па рускиот Спутник В даден во 6.999 дози (прва 15.139, втора 3.146 и трета 571). Астра Зенека, која не беше достапна долго време, е аплицирана во 932 случаи (прва 455 и втора 477).

Инаку, вчера во Врање се вакцинирале тројца граѓани на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар од Македонија со „приказна“ за тешко повредени роднини измами жители на Врање

Горан Наумовски

Поради пожарите, прогласена е вонредна состојба во Врање

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски