Во возило во Куманово откриени 21 мигрант, од нив 10 малолетници

Од:

Полицијата во Куманово рано утрово во возило со штипски регистарски ознаки пронашле 21 мигрант, од кои 10 биле малолетници. Штипјанецот кој упраувал со возилото е приведен.

Од МВР денеска информираа дека околу 01,00 часот во кумановското село Матејче, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон село Отла.

– По кратко време на ул.„11-Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип. Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица, се наведува во соопштението од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста