Во водите на Охридското Езеро пронајдени и одземени рибарски мрежи во должина од 1.000 метри

Од:

Во водите на Охридското Езеро пронајдени и одземени рибарски мрежи во должина од 1.000 метри, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Во периодот од 10.02. до 13.02.2022 припадници на Единицата за брзо распоредување од Одделот за специјални полициски операции преземаа мерки на засилено набљудување и оперативен надзор на поширокиот реон на подрачјето на СВР Охрид.

Во рамки на активностите беше извршено патролирање во водите на Охридско Езеро и пребарување на терен со цел заштита на рибниот фонд во езерото, пронаоѓање на лица кои илегално ја минуваат државната граница, како и лица сторители на други кривични дела.

Како резултат на преземените мерки и активности од водите на езерото се пронајдени и извадени 8 рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1000 метри. Пронајдените и одземените мрежи се предадени на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа