Во Виница одржана форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“

Од:

Во Општина Виница се одржа третата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“.
За проектите се обезбедени средства во износ од 2 милиони и 800 илјади денари од буџетот на општина Виница и Швајцарската агенција за развој и соработка.

– Општина Виница веќе спроведе две форумски сесии на кои граѓаните даваа свои идеи. На третата сесија ги презентиравме предлозите за изградба на нова улица во Индустриската зона, градинка од 21 век, регулација на река Осојница, подобрување на условите за развој на спортот и обезбедување на квалитетна вода за пиење, истакна градионачалникот на општина Виница, Емил Дончев.

Присутните на сесијата дебатираа по предложените проекти и на наредната седница преку гласање ќе изберат еден концепт кој ќе биде финансиран со предвидените средства. Концептите кои нема да бидат избрани, општината ќе ги има како готови проекти кои ги избрале граѓаните и со кои ќе може да аплицира пред други фондови.

Би можело да ве интересира

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Почнува изградбата на затворен пазар во Виница

Ана Ололовска

Сто денари плата за мај добиле вработените во КП „Солидарност“ од Виница

Ана Ололовска