Во Виница одбележана 19-годишнината од загинувањето на армискиот капетан Кирчо Димитриов

Од:

Локалната самоуправа на Виница и општинската Организација на резервните воени старешини беа организатори на комеморативната свеченост по повод 19-годишнината од загинувањето на капетанот на АРМ, Кирчо Димитриов кој беше првата жртва на македонските одбранбени сили во конфликтот од 2001 година.

Пред споменикот на Димитриов во дворот на општинската зграда се одржа панихида, ученици од ОУ „Гоце Делчев“ изведоа поетско-музичка програма, по што членовите на неговото семејство и присутните граѓани положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на сите 78 загинати македонски бранители.

– Капетанот Димитриов заедно со останатите припадници на безбедносните сили ги напишаа почетоците на новата македонска историја која сè уште се пишува. Се надеваме дека со нашиот влез во НАТО алијансата ќе бидеме држава чиј интегритет и меѓународен суверинитет ќе бидат загарантирани. Како општина, имаме должност и обврска да не ја поттурнуваме историјата настрана, туку сите настани од минатото континуирано да ги поддржуваме и да го потенцираме нивниот удел во придобивките кои ги стекнуваат нашите нови генерации, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Капетанот Кирчо Димитриов, заедно со водникот Дејан Јакимовски од Куманово загинаа од нагазна мина при извршување воена задача кај селото Танушевци на Скопска Црна Гора. На оваа локација истиот ден од снајперски оган почина и војникот Теодор Стојановски од скопско Драчево.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација