Во Виница обука на Црвен крст на Македонија

Од:

Општинската организација на Црвениот крст од Виница денеска беше домаќин на едукатуивна работилница за волонтерите на Црвениот крст во рамките на заедничкиот проект со компанијата „Винчини“ од Виница и Црвениот крст на Република Македонија.

Со потпишаниот договор компанијата „Виничини“ донираше средства во износ од 372.200 денари за работа на Цевениот крст на Македонија и на општинските организации на Црвен крст од Виница, Штип, Куманово и Струмица во наредните седум месеци.

– Во проектот кој ќе се реализира до крајот на оваа календарска година се вклучени и дневните центри за децата и младите со посебни потреби од општините Виница, Куманово, Штип и Струмица. Едукативната работилница ја реализиравме во просториите на Црвен краст Виница и на неа присуствуваа волонтери на Црвениот крст од општините вклучени во проектот, вработени од дневните центри од општините Виница, Куманово, Штип и Струмица, како и волонтери од компанијата Винчини, изјави Кирил Цоневски, секретар на Црвен крст Виница.

Целта на работилницата е да се подготват локални планови за акција, како и планирање на активности кои ќе следуваат понатаму а ќе се однесуваат на спроведување на заеднички иницијативи, потоа креативни работилници организирање на рекреативни работилници, летување за деца со посебни потреби, а најважно од се е едукација на родителите на децата со сосебни потреби.

Во имплементацијата на овој прокет денеска беа вклучени и виолонтери од компанијата „Макпрогрес“ од Виница, како општествено одговорна компанија која ги подржува активностите и работата на Дневните центри за лица со посебни потреби и Општинските организации на Црвен краст во Македонија.

Би можело да ве интересира

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник