Во рамките на преткарневалските активности, во Вевчани, вечерва ќе биде претставен интернационалниот проект „Карневалот крал на Европа“ во кој осум земји ги презентираат своите карневали како дел од заедничкото културно наследство.
За проектот ќе говори етнологот Владимир Боцев од Музејот на Македонија, кој се занимава со собирање податоци за традиционалната култура и духовното културно наследство и е честопати наградуван на европските фестивали за неговите документарни филмови.
За посетителите, организацискот одбор на Вевчанскиот василичарски карневал вечерва подготвува богата музичка програма под ведро небо што ќе започне во 20 часот. Ќе настапат групите Скандал састав, Пламенка Трајковска-Трио, Пука Козметика, како и македонската пејачка Верица Ристевска.На полноќ, во центарот на Вевчани ќе настапат и „Дивље јагоде“.
Синоќа се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на културно-уметничкото друштво „Дримкол“. Карневалот официјално ќе биде отворен утре напладне пред платото на општината Вевчани, кога се очекуваат голем број посетители и новинарски екипи од земјава и странство, како и претставници на македонскиот државен врв.