Во Велешко стишана болеста син јазик кај овците

Од:

Во велешкиот регион, кај стадата овци стишана е болеста син јазик и нема нови жаришта, информира за МИА, ветеринарниот лекар д-р Димче Димитриевски, директор на Ветеринарната станица во Велес.

Ветеринарни екипи деновиве ја завршија дезинсекцијата на сите одгледувалишта на овци и кози во поширокиот велешки регион, подвлече тој, посочувајќи оти интензитетот на болеста син јазик кај овците бил најјак во септември, а во октомври, како што рече, ги лекувавме последиците.

– Се уште работиме на сумирање на бројката на зафатени и умрени кози од оваа тешка болест која ги зафати овците во Велешко,а при што умреа и 20 до 30 проценти од заболените. Некои од заболените овци со големи напори и редовна терапија и нега од нашите ветеринарни екипи и од страна на сопствениците и одгледувачи на овци, сепак успеаја да се излечат од оваа болест ,потенцира Димитриевски.

Тој потенцира дека последиците од оваа болест син јазик, пред се економските по стадата овци во велешкиот поширок регион се доста големи и допрва ќе се сумираат штетите.

– Сепак олеснителна околност во сета оваа штета за сточарите е што со одлука на Владата ќе бидат ослободени од пашарина, ќе добијат субвенции и за умрените грла овца од болеста син јазик, а се поради тоа што овците умрела не по нивна вина,тука како последица на оваа болест која брзо се прошири во стадата овци, посочува Димитриевски, директор на Ветеринарната станица во Велес.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза