Во Велешко се евидентира и вакцинира подмладокот на стоката

Од:

Стручни екипи на Ветеринарната станица од Велес од почетокот на годинава континуирано вршат евиденција и вакцинација на телињата во велешките села.

Според директорот на Ветеринарната станица во Велес Димче Димитриевски, досега се обележани и евидентирани околу 1.000 грла.

– Ги евидентираме телињата на кои им ставаме ушна маркица, а воедно и ги вакцинираме против повеќе болести. Акцијата ја продолжуваме континуирано во текот на целата година, ече Димитриевски.

Тој информира дека оваа редовна годишна акција кај стоката е во согласност со Законот за идентификација и регистрација, како и главен услов одгледувачите на говеда потоа да добијат и субвенции.

До крајот на месецов ќе заврши и евиденцијата на говедата почната минатата година. Се претпоставува дека во поширокиот велешки регион има околу 7.000 говеда.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски