Во велешката касарна заклетва на 31. генерација војници

Од:

Во кругот на касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска младите војници од 31. генерација на доброволно служење во АРМ ја даде свечената заклетва.

На 56-те војници од генерацијата февруари 2017 меѓу кои и шест девојки, заклетвата им ја честита командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љубенчо Петровски.

Тој информира дека во наредните три месеци со основната воена обука ќе ги запознаат врвни старешини на АРМ од Центарот за индивидуална обука (ЦИО) кој работи во рамки на Командата за обука и доктрини. Воедно ги потсети дека ако успешно ја завршат обуката, може да се пријават на еден од конкурсите за професионални војници на АРМ.

Од името на Генералштабот на АРМ војниците ги поздрави генерал-мајорот Мухамед Рацај кој потенцира дека е посебна чест и гордост да се биде војник на АРМ.

– Со овој чин се обврзавте дека ќе ја браните нашата татковина, а некои од вас потоа може и да останат во редовите на АРМ како професионални војници кои се столбот на АРМ, потенцира Рацај.

Од името на Министерството за одбрана, присутните ги поздрави и на младите војници им ја честита заклетвата државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он