Во Велешката касарна одбележан Денот на Командата за обука и доктрини

Од:

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, денеска беше одбележан Денот на Командата за обука и доктрини-КОД.

Пред присутните меѓу кои високи претставници на АРМ и началникот на Генералштабот на АРМ, генарал полковник Методија Величковски и заменик-началникот на ГШ бригадниот генарал Мухамед Рацај, се обрати командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љубенчо Петровски.

Тој рече дека му е чест што слават 25 години континуирана обука и едукација на воени кадри.

Тој потсети дека на почетоците обуката била фокусирана на подготовка на граничари, а подоцна се продолжило и со обука на воен персонал.

– Со цел зголемување на ефикасноста на рационализација на ресурсите, од 1996 година, наваму, во рамки на АРМ функционираат центри за обука на родови и служби во АРМ. Командата за обука е формирана во 2001 година, а во 2006 година нејзиното седиште се пренесува од Скопје во Велес. Во 2012 со најновата трансформација на Армијата, Командата добива нови дополнителни содржини и се преименува во Команда за обука и доктрини, потсети полковник Петровски.

Тој воедно информира дека се изведува индивидуалната обука преку Центарот за индивидуална обука-ЦИО, како и обука на питомците и Обуката на припадниците на АРМ за странски јазици, а согласно потребите даваат и интензивна поддршка за колективна обука на сите команди и единици на АРМ.

Воедно со најновата организациско формациска структура во КОД од 2014 година е формиран Центарот за симулации. Станува збор за Центар кој ќе користи најсофистицирани хардверски и софтверски решенија во доменот симулациите, а кои се користат во најразвиените армии на земјите-членки на НАТО.

На одбележувањето беа доделени и пофалници и признанија. Златна значка на АРМ доби првиот војник на АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. Беа доделени и награди на најдобрите единици од АРМ, учесници на одржаните спортски натпревари деновиве во Велешката касарна, како и најдобрите на литературниот конкурс „Цвет наместо пушка“ на кој учествуваа ученици од гимназијата „Кочо Рацин“, кои беа наградени.

По доделувањето на пофалниците и признанијата настапи музичката група од велешата гимназија „Кочо Рацин“ и ансамблот „Распеани Велешани“.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка