ВИДЕО: Во Велес започна изградбата на нов Градски пазар

Од:

Градежната парцела за изградба на нов Градски пазар во Велес, чија официјална изградба започна денес е со вкупна површина од 4.172 метри квадратни, од кои 2.300 метри квадратни се наменети за продавачите на земјоделски производи. Пазарот е составен од шест дела, од кои четири ќе бидат сместени 19 дуќани, деловни објекти, канцеларии и два угостителски објекти на вкупно 638 метри квадратни, а во два дела од објектот ќе бидат сместени тезгите од покриениот пазар, паркинг просторот и улицата за доставување на стоки и рампата за полесен пристап до пазарот со вкупна површина од 2339 метри квадратни и партерно уреден простор пред влезот од 215 метри квадратни.

На официјалниот стар на градежните работи, премиерот Зоран Заев, информираше дека за овој капитален објект за Велес обезбедени се вкупни 86 милиони денари, плус 15 милиони денари, од кои 40 милиони денари Општина Велес ги обезбеди од Владата, од стапката за капитални дотации на единиците за локална самоуправа, а останатите 46 милиони денари како заем од Светската Банка преку Програмата за подобрување на општински услуги.

-Дополнително како што реков се очекува финансиска поддршка од 15 милиони денари преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а што треба да ги обезбеди Бирото за регионален развој. Со тоа се обезбедени вкупно сите финансиски средства за комплетна изградба на покриен Градски пазар во Велес, појасни Заев.

Заев, кој денеска заедно со дел од министрите и претставници на Владата направи увид во првичните градежни работи, информира дека новиот покриен Градски пазар во Велес се гради според најновите стандарди за вакви објекти како за продавачите,така и за купувачите.

Според него изградбата на покриениот Градски пазар е од големо значење за регионалната економија бидејќи од него егзистенција обезбедуваат многу земјоделци и трговци од целиот велешки поширок регион, но и од други градови како Струмица, Ресен и сите оние кои продаваат свои домашни производи.

Тој потенцира дека со овој проект велешани конечно после неколку децении ќе добијат современ Градски пазар каде земјоделците и трговците ќе имаат соодветни и нормални услови за продажба на своите производи.

-Новиот објект ќе го врати животот на левата страна на градот и ќе поттикне развој на нови урбани содржини во интерес на граѓаните, но најважно од се’ ќе придонесе за зајакнување на економскиот развој на градот и регионот, рече Заев.

Како што појасни градоначалникот на Велес, Аце Коцевски објектот ќе биде челично скелетна конструкција покриена со енергетски ефикасни панели, а основата со армирано- бетонски темели.

Коцевски потсети дека изградбата на покриен Градски пазар во Велес е најголема поединечна капитална инвестиција, а чиј инвеститор е Општина Велес во последните 30 години.

Тој нагласи дека со новиот пазар ќе се подобрат условите и на продавачите и на купувачите, како и санитарните услови.

Градскиот пазар во Велес, рече Коцевски, не е само локален велешки пазар, туку е регионален пазар кој ги надминува и границите на Вардарскиот плански регион, затоа што во него продаваат и купуваат не само од Општините Велес, Градско, Чашка и Лозово, Росоман и Свети Николе туку доаѓаат и продавачи на ориз од Кочани, на пиперки и други производи од Струмица, како и продавачи од Радовиш, Ресен и други градови.

Тој нагласи дека затоа Новиот Градски пазар во Велес е многу важен за развојот на локалната и на регионалната економија. Воедно информира дека на пазарот ќе се продаваат земјоделски, риба, месо и млечни производи според Хасап стандардите, а за лицата со ограничена мобилност е предвидена рампа и лифтовска платформа.

Изградбата на пазарот, според Коцевски, е посебно важна и за жителите од левата страна на Велес со што ќе се стави акцент на овој дел од градот и тој ќе биде двигател на локалната економија и на животот од овој дел од градот.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес