Во Велес заклетва положи 23. генерација војници доброволци

Од:

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска пред голем број гости меѓу кои и државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски, директорот на ГШ на АРМ генерал мајор Димче Петровски и други претставници на АРМ, свечена заклетва дадоа 147 млади војници, меѓу кои и 12 девојки од 23-тата генерација на доброволно служење во АРМ.

Честитајќи им Стефановски во своето обраќање потсети дека професионализацијата на АРМ придонесе за создавање капацитети способни да одговорат на предизвиците на 21-от век.

– Токму затоа, обуката и високото ниво на професионалност претставуваат темелни вредност за кои што се залагаме и силно работиме, потенцира Стефановски.

Тој, воедно, ги потсети дека иако е краток периодот за совладување на воените вештини, верува дека тие ќе го извлечат максимумот што ќе претставува почетна основа ако во иднина решат да продолжат во составот на АРМ.

Командантот на Командата за обука полковник Љупчо Костовски во своето обраќање до војниците потенцира дека целокупниот нивни труд, успех и ангажирање ќе бидат вреднувани, а тоа ќе биде еден од предусловите за понатамашна селекција за оние кои сакаат да ја изберат својата идна професија како професионални војници и старешини во АРМ.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите