Во Велес за Брза помош зголемен број на повици

Од:

Наглото зголемување на темпаратурите и топлотниот бран, неделава го зголеми и бројот на пациенти на повик во Итната помош во Велес.

Како што информира за МИА д-р Василка Пановска бројот на пациенти на повик, дневно варира од 20 до 30, а дополнително се зголемува од оние што самите доаѓаат на преглед во амбулантата.

Таа појаснува дека пациенти во нивната амбуланта има и дење и ноќе, од кои има и повозрасни лица а и деца.

-Најчесто пациентите се жалат на висок крвен притисок, има и со зголемена телесна темпретаура, а многу ретко за проливи и повраќање. За среќа нема пациенти со труење од храна, информира Пановска.

Таа им препорачува на пациентите со хронични болести да ја примаат редовно пропишаната терапија и да не се движат на сонце од 10 до 17 часот, да носат светла облека и заштитни капи и наочари. Пожелно е, вели таа, да се консумира повеќе вода и свежо овошје и зеленчук.

Би можело да ве интересира

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски