Во Велес викендов ќе се одржи „Велешка Питијада“

Од:

Во организација на oпштина Велес на 9, 10 и 11 октомври во овој град ќе се одржи традиционалната „Велешка Питијада 2015“.

Во соработка со угостителите на пити пастрмајлија и винариите, организаторот ќе им понуди на посетителите вкусен специјалитет велешка пита пастрмајлија, вино и многу музика со настап на познати музички имиња и бендови. Манифестацијата ќе се одржи во новиот дел на Велес на улицата „Благој Ѓорев“ на потегот од пред Гимназијата „Кочо Рацин“ до кружниот тек кај „Авона“.

Како што на денешната прес конференција потенцира градоначалникот Славчо Чадиев, природно е кога ќе се спомене Велес да се создаде асоцијација на пастрмајлија и црвено вино.

– Пастрмалија мириса на дом, има моќ да зближи и да создаде пријатна, топла атмосфера, буди спомени на минатото, традицијата и историјата и се поврзува со наследството, потенцира Чадиев.

Инаку пишаниот документ за подготовка на велешката пита пастрмајлија како автохтон производ кој се наоѓа во Цариградските архиви датира од 1869 година. Според истите записи во тоа време во Велес се произведувале по 150 илјади оки домашно вино годишно. Питата пастрмајлија и виното, затоа не одат еден без друг, потенцираат организаторите од Општина Велес.

Во музичкиот дел, утревечер – првата е фолк вечер, а забавата започнува во 18 часот со групата „Маестро”, велешката музичка група „Виртус”, Зуица Лазова, Благоја Грујовски, Анета и група „Молика”, Тамбурашите oд Суботица „Равница” и Миле Кузмановски.

Во сабота во вечерните часови ќе настапи популарниот млад пеач Боби Мојсовски по што следат Влатко Лозаноски, Елена Ристеска и познатата ју-група „Парни Ваљак”. Забавата продолжува во Градскиот парк, каде на помошното игралиште настап ќе имаат познатите ДЏ Никифор, Г’не и Бокац.

Во недела ќе настапат Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Александар Тарабунов, Фолтин, Калиопи и ДНК. Во попладнвните часови ќе настапат велешките рок легенди од 60 и 70 – тите години: групите „Елиси“ ,„Изотопи“, „Триумфи“, „Лебеди“ и „Силуети“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов