А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес и Велешко годинава 462 првачиња

by А1он23/08/2018 - 15:30236
Share0

Во основните училишта во Велес во новата учебна 2018/2019 година се запишани 462 првачиња.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира за МИА Елена Тевчева советник за образование, најмногу првооделенци ќе тргнат во ООУ „Васил Главинов“ 125, а кое е и најголемото училиште во Велес и најголемите во земјава, а нешто помалку 120 првооделенци во ООУ „Блаже Конески“ кое е со целодневен престој.

– Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се 84 од кои четири од децата се од подрачното училиште во село Црквино. Во ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“се вкупно 60 ученици од кои 11 се во подрачното училиште во Башино Село. ООУ„Благој Кирков“ заедно со подрачните во Караслари и Чолошево се вкупно 43 првооделеци. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари се 22, Во ООУ „Стојан Бурчевски – Буридан“ во село Иванковци заедно со подрачните училишта во Мамутчево, Сујаклари и Отовица минимално или само осум првооделенци.

Во Велес и велешките училишта во изминатите неколку учебни години се формираат и паралелки со помал број ученици, а така ќе биде и за претстојната учебна година.

Следете a1on на Youtube YouTube

Советот на Општина Велес на претстојната 18-та седница закажана за 29 август треба да го усвои предлог решението за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици.

Годинава ова се однесува за сите пет основни училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Блаже Конески“, „Васил Голавинов“, „Благој Кирков “ и „Јордан Х.К.Џинот“, како и за три од вкупно четирите средни за Гимназијата, за Економското и Електро – машинското училиште.

veles

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски31/03/2026 - 15:2431/03/2026 - 15:28

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто