Во Велес се реализира проект за промовирање на инклузивното образование и прифаќање на учениците со посебни потреби

Од:

Во просториите на посебното ОУ „Маца Овчарова“ во Велес денеска се одржаа работилници во рамки на проектот „Другаруваме, спознаваме, учиме напредедуваме“ поддржан и финансиран од Фондација отворено општество, а во реализација на невладината „Порака“ од Велес.

Дефектологот Зага Колодезни од ПОУ „Маца Овчарова“ истакна дека цели на проектот се промовирање на инклузивно образование и инклузивни училишта како стимулативна средина во која се разбираат и прифаќаат учениците со посебни образовни потреби, зголемување на директните контакти меѓу учениците без и со попреченост, обезбедување дополнителна помош во учењето за учениците со посебни потреби преку едуцирање на ученици – тутори и промовирање пракси на квалитетна соработка меѓу училиштата и невладините организации во делот за слободни ученички активности и неформално образование.

Во проктот се вклучени сто ученици од пет основни општински училишта во градот, на возраст од 10-12 години и учениците од ПОУ „Маца Овчарова“.

Проектот се реализира од март до август, со поддршка од градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, директорите на петте основни општински училишта во општина Велес и директорот на ПОУ „ Маца Овчарова“ од Велес.

– Со почитување и развивање на индивидуалните способности на секое дете и со примена на современи методи и активности: драма, метод, арт, работилница, спортски активности и музичка терапија, заеднички да креираме квалитетно поминато време. Учениците со посебни образовни потреби ќе имаат можност да ги покажат своите можности, вештини и способности, пред своите врсници со типчен развој од редовните училишта и меѓусебно да соработуваат, појасни Колодезни.

Воедно информира дека во текот на летниот камп во Детското одмаралиште „Мајски цвет“ во Струга учениците од редовните училишта ќе бидат обучени за тутори на учениците со посебни потеби.

– Туторите своите знаења и исуства ќе ги применуваат за директна помош и поддршка на ученици со ПОП инклузирани во редовниот образовен систем, но и истите ќе ги споделуваат со останатите ученици од матичното училиште. Со ова ќе постигнеме хармоничен однос помеѓу учениците, ќе изградиме свест и позитивен став за она што е „различно од нив“ бидејќи прифаќањето и вклучувањето на лицата со посебни потреби во секојдневниот живот е едно од значајните принципи на делување, додаде Колодезни.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов