Во Велес показна вежба за штетните последици од употреба на петарди

Од:

Општинската организација на Црвен крст од Велес во соработка со Отсекот за превенција при СВР Велес и професионалната протипожарна единица денеска во Младинскиот парк пред ученици од велешките училишта изведоа показна вежба за штетните последи од петарди и други пиротехнички средства.

Веруљуб Додевски, началник на Секторот за превенција при СВР Велес, потенцира дека поради сериозноста на повредите кај децата и младите, апелира до нив да се воздржат и да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства, со кои ќе го загрозат своето и здравјето и животи на останатите другарчиња и граѓани.

– Има деца со оштетени раце, прсти. Штетен е и звукот од петардата за оние кои се наоѓаат во близина на детонацијата, тој делува стресно за сите што не ги гледаат, но ги слушаат. Штетно по здравјето е и вдишувањето на микрочестичките од испуканата петарда,потенцира Додевски.

Љупчо Лепидовски, командир на ППЕ од Велес им порача на младите да не фрлаат петарди посебно во затворени простории бидејќи освен загрозување на своето и здравјето на останатите лица може да предизвикаат и пожар.

Од СВР Велес велат дека ваквите превентивно едукативни вежби позитивно влијаат врз децата и младите. Како резултат на тоа, посочуваат, секоја година во Велес пред и за Новогодишните празници се намалува бројот на продадени и употребени петарди и други пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов