Во Велес одбележани 64 години од загинувањето на борците – учесници во Граѓанската војна во Грција

Од:

Делегации на општината, здруженија на Maкедонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата спроти Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, каде беа одбележани 64 години од загинувањето на борците од Егејска Македонија кои живееле во Велес, а своите животи ги дале во Граѓанската војна во Грција која траеше од 1946 до 1949 година.

Според досегашните податоци 120 велашани по потекло од Егејска Македонија доброволно се пријавиле во редовите на Демократската Армија на Грција ДАГ, а 105 од нив во војната го положиле и своите животи. Од здруженијата велат дека таа бројка можно е да биде и поголема. Евиденцијата е проблематична. Има и други незнајни јунаци чие што име не е врежано на споменикот.

– Ние евиденцијата ја правевме од сеќавањето и податоците кои ни ги дадоа потомците, а многу ми е жал оти сигурно некои се и заборавени, потенцира Бошко Божинов, претседател на Здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“.

Здруженијата на Македонци од Егејскиот дел изразија надеж дека еден ден ќе ги посетат местата на погибијата на нивните роднини и пријатели и таму на лице место ќе им оддадат почит.
Во граѓанската војна во Грција, ДАГ броела 35.000 војници, а во која дури 15.000 биле Македонци.

Би можело да ве интересира

Четворица меѓу кои и седумгодишно дете залутале на опасен терен меѓу Кожле и Велес, во тек е спасувачка акција

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

Предраг Петровиќ

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

Орце Костов

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов