Во Велес одбележана Неделата на сестринството

Од:

Здружението на медицински сестри техничари и акушерки од Велес денеска со свеченост го одбележа 5 мај, Денот на акушерки и 12 мај, Ден на медицински сестри и техничари, односно ја одбележа Неделата на сестринството.

Претседателот на Здружението, Ружица Нацева изјави дека голема е улогата на медицинските сестри, техничари и акушерки во системот за лекување и пружање на медицинска помош на болните во здраствените установи во земјава.

– Улогата на медицинските сестри, техничари и акушерки во здравствениот систем е незаменлива. Тие се грижат за здравјето на болните и подобрување на нивната здравствена состојба. Посебно значајна е улогата на акушерките кои им помааат на жените да се породат и на свет ги донесат своите деца, работа која посебно тешка и одговорна, посочи Нацева.

На свеченоста беа доделени и традиционалните општински благодарници на шестте најдобрите медицински сестри, техничари и акушерки, како и републичките признанија. Признанија добија и Одделението за медицина на труд и Интерното одделение при Велешката општа болница.

Републичките признанија годинава ги добија медицинските сестри од Велес, Љубинка Думовска и Оливера Миланова, а признанијата ќе им бидат врачени на 12 мај во Скопје.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он